• недела, 22 декември 2024

Нов потрес во Црна Гора, овој пат од 4,6 степени по Рихтер

Нов потрес во Црна Гора, овој пат од 4,6 степени по Рихтер

Никшиќ, 3 април 2024 (МИА) - Граничната област меѓу Црна Гора и Босна и Херцеговина денеска повторно беше погодена од умерен земјотрес, со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала.

Епицентарот на земјотресот бил недалеку од Никшиќ, каде синоќа беше регистриран и земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала.

„Земјотресот во 12 часот и 40 минути беше со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала, се наоѓаше на длабочина од 15 километри, а по него следеше уште еден послаб, со јачина од 2,8 степени“, соопшти Црногорскиот сеизмолошки завод, додавајќи дека земјотресот може да предизвика помала материјална штета.

Оваа област кон средината на март ја погоди силен земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала, по што следеа триесетина помали. Тогаш беше евидентирана и помала материјална штета. сд/

Остани поврзан