• недела, 22 декември 2024

Нов повик за доброволци синоќа објави Кризниот штаб во Пехчево

Нов повик за доброволци синоќа објави Кризниот штаб во Пехчево

Пехчево, 1 август 2024 (МИА) - Градоначалникот на Пехчево, Александар Китански синоќа пред полноќ објави нов повик на Кризниот штаб, преку кој ги повика сите доброволци повторно да земат учество, за целосна локализација и ликвидирање на пожарот.

-Доброволците утрово во 05:00 часот да бидат на зборното место на плоштадот Свети Петар и Павле, од каде соодветно ќе бидат упатени за понатамошна интервенција. Потребно е со себе да понесат лопати. Најстрого се забранува самоиницијативно одење да се гаси пожарот, се вели во повикот.

Пунктот за донирање на храна и вода сместен во просториите на Домот на културата во Пехчево и понатаму останува  отворен за сите кои ќе сакаат да донираат намирници и вода за доброволците.

Дежурни екипи синоќа го контролираа теренот, со цел да не дојде до нови жаришта, на оние места каде пожарот беше изгаснат. вс/нд/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан