• недела, 11 август 2024

Нов парк во стар Аеродром

Нов парк во стар Аеродром
Скопје, 27 јануари 2020 (МИА) - Покрај најавениот парк што ќе се гради на улицата „Методија Шаторов-Шарло“, Стар Аеродром ќе добие уште еден урбан парк што ќе се протега покрај улицата „Пандил Шишков“. -Вториот парк во Стар Аеродром ќе биде на површина од 4.112 м2 и ќе понуди дел за седење со урбана опрема, платформа за игри, дел за одмор и релаксација, детско игралиште и зеленило, соопшти Општина Аеродром. Градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин, денеска најави дека ќе продолжат да градат нови паркови и да подигнуваат нови зелени површини.бт/скс/  

Остани поврзан