• петок, 22 ноември 2024

Нов негативен рекорд во Грција, починаа 35 лица од Ковид-19

Нов негативен рекорд во Грција, починаа 35 лица од Ковид-19
Атина, 8 ноември 2020 (МИА) – Националната организација за јавно здравје на Грција соопшти 1.914 нови случаи и 35 почината, што претставува нов негативен рекорд на регистрирани смрти случаи од Ковид-19 на дневно ниво, јави дописничката на МИА од Атина. Драстично зголемен е и бројот на пациенти приклучени на апарати, 228 лица, односно 21 повеќе од вчера. По пет дена, бројката на новозаразени е под 2.000 лица, а повторно, речиси половина од новите случаи се во Солун (483) и областа Атика (396 случаи) Од почетокот на епидемијата, во Грција се регистрирани 56.698 случаи, а починаа вкупно 784 лица. ср/

Остани поврзан