• петок, 22 ноември 2024

Нов модел „Најки & Сваровски“ женски патики

Нов модел „Најки & Сваровски“ женски патики
Лос Анџелес, 7 април 2021 (МИА) - Спортскиот бренд „Најки“ и компанијата „Сваровски“, која е позната по својот накит од кристали, повторно ги здружија силите. Имено, двете компании претставија нов модел патики, за жени - „Полар блу Најки & Сваровски ер макс 97“. Ова е нивна трета соработка. Претходно, тие ги имаа и патиките „Силвер булит ер макс 97“ од 2017 и „Металик голд“ од 2018 година. Најновиот луксузен модел се заснова на патиките „Ер макс“ од 1997 година. Она што го прави посебен, се кристалите Сваровски поставени во брановидни линии со различна дебелина, а меѓу нив има класичен мрежен сивкаст материјал карактеристичен за пролетните патики на „Најки“. Внатрешноста на патиката е црна, како и јазичето, но буквите се бели. Цената за еден чифт е 400 долари. Но, на интернет-страницата на „Најки-ам“, се чини - поради голем интерес, тие повеќе не се достапни.  си/сд/

Остани поврзан