Нов закон во Србија предвидува формирање постојана комисија за проверка и ревизија на избирачкиот список
- Претседателката на Собранието на Србија, Ана Брнабиќ, денеска изјави дека амандманот на Законот за Единствениот избирачки список предвидува формирање постојана комисија што ќе се занимава со преглед и ревизија на избирачкиот список.
Белград, 18 јули 2025 (МИА) - Претседателката на Собранието на Србија, Ана Брнабиќ, денеска изјави дека амандманот на Законот за Единствениот избирачки список предвидува формирање постојана комисија што ќе се занимава со преглед и ревизија на избирачкиот список.
Според неа, новите законски решенија ќе придонесат за транспарентност на изборниот процес.
Брнабиќ рече дека предлог-законот е изменет шест пати и дека е создаден како резултат на компромис меѓу владата, опозицијата и организациите на граѓанското општество.
Таа додаде дека комисијата ќе има овластувања и целосен увид во избирачкиот список и ќе може да побара дополнителни информации од сите државни органи, а ќе биде составена од 10 члена.
„Пет кандидати ќе доаѓаат од владејачкото мнозинство, тројца од опозицијата и двајца од граѓанското општество. Сакаме да постигнеме инклузивност и учество. Ќе се погрижиме да нема политички прекршувања, а мандатот на комисијата ќе биде пет години“, рече Брнабиќ.
Предлог-законот е со висок квалитет и потребни се 18 месеци за да се изготви и се надева дека избирачкиот список ќе биде ревидиран на следните избори. зш/
фото ЕПА