• четврток, 04 јули 2024

Нов биланс: 20 загинати при уривањето на зградата во Нигерија

Нов биланс: 20 загинати при уривањето на зградата во Нигерија
Лагос, 2 ноември 2021 (МИА) – Најмалку 20 лица ги загубија животите при уривањето на зградата во изградба во Лагос, Нигерија, соопштија денеска спасувачките служби, 24 часа по несреќата, но многу работници сè уште се заробени под урнатините. Зградата од 21 кат во изградба во луксузниот кварт Икоји во Лагос се урна вчера. Вкупно девет работници се извлечени од под урнатините, соопшти претставник на Националната агенција за управување со вонредни состојби. Тој рече дека денеска се извлечени уште пет тела и оти вкупниот број на загинати се искачи на 20. јт/

Остани поврзан