• вторник, 02 јули 2024

Ново спортско игралиште во кумановското село Пчиња

Ново спортско игралиште во кумановското село Пчиња
Куманово, 8 април 2022 (МИА)Заврши изградбата на спортското игралиште во кумановското село Пчиња, соопштија денеска надлежните од Општина Куманово. Игралиштето има ограда, асфалтната подлога поставена тартан подлога, голови и кошеви. -Игралиштето е полно со деца и младинци кои спортуваат, се дружат и се забавуваат. Секое населено место заслужува простор за спорт и рекреација. Во програмата за работа во следниот четиригодишен период, Општина Куманово има предвидено реализација на проекти од повеќе области, меѓу кои и имплементација на спортски проекти кои даваат шанса на сите млади луѓе да ја градат својата спортска кариера во својот роден град. Да ги поттикнуваме нашите млади на здрави животни навики. Продолжуваме да градиме спортско-рекреативна инфраструктура на територија на целата општина со цел стимулирање на спортот и правилен развој на сите генерации, вели градоначалникот Максим Димитриевски. Во изминатите три години изградени се 13 спортски терени, со што, сметаат надлежните, подобрени се условите за развој на спортот во општината. ам/бак/

Остани поврзан