• недела, 22 декември 2024

Ново издание на малиот „Хјундаи И10“

Ново издание на малиот „Хјундаи И10“

Токио, 1 март 2023 (МИА) - Новото издание на најмалиот модел на „Хјундаи“ во Европа ќе биде достапно во втората половина од годината.

Околу четири години по премиерното прикажување на третата генерација на „И10“, „Хјундаи“ претстави предизајнирано издание на возилото чиешто производство ќе почне во април во погоните на автопроизводителот во Турција. Набљудуван однадвор, новиот „И10“ носи ќе има ЛЕД дневни светла со поинаков изглед и нова графика на предните и задните светла. Меѓу деветте понудени бои на каросеријата се две нови нијанси (лумен-сива и мета-сина боја). Тука се и алуминиумски бандажи од 38 цм, како и „Н-Лајн“ пакетот.

Внатре, покрај дигитална инструментна табла од 10 цм, има и дисплеј од 20 цм преку којшто се управува мултимедијалниот систем со навигација и безжична врска со апликациите „Андроид ауто“ и „Епл карплеј“.

Под предниот капак, трицилиндричниот еднолитарски атмосферски мотор развива 67 коњски сили, а 1,2-литарската опција со цилиндерот развива 84 к.с. повеќе. Првите примероци од овие возила ќе бидат достапни во втората половина од годинава. си/рп/

Остани поврзан