• четврток, 26 март 2026

Ново издание на Интернационалниот фестивал на монодрама во Битола

Ново издание на Интернационалниот фестивал на монодрама во Битола

Битола, 17 февруари 2025 (МИА) - Со претставата „Д (Како Дездемона)“ во изведба на Скопје танцов театар, вечер во Битола почнува 26. издание на интернационалниот фестивал за монодрама на кој годинава ќе се натпреваруваат две домашни и осум монодрами од странство.

Фестивалот годинава се одржува под мотото „Еден збор, еден свет“ кое според домаќините, НУ Центар за култура-Битола, може да биде почеток на приказна, на живот, на сцена што оживува, а може да биде и експлозија на емоции, радост, тага, љубов.

-Во рамки на фестивалот, освен натпреварувачки ќе има и дополнителни содржини, работилница за деца, промоција на монографија „25 години Интернационален фестивал на монодрама“, во Битола ќе гостува и професорот Роналд Ранд кој ќе зборува на тема „Уметност на трансформација“, како и професорот Сашо Димоски кој ќе зборува на панел дискусија „Монодрамата како мост меѓу културите“, посочи Влатко Илиевски, директор на НУ Центар за култура-Битола.

Според востановената традиција, стручно жири во кое членуваат Рисима Рисимкин од Македонија, Емре Ердем од Турција и Лаша Чкартишвили од Грузија, на крајот од фестивалот, на 23 мај ќе додели награда Гран при за најдобра монодрама, награда за најдобра режија и најдобар актер на Интернационалниот фестивал на монодрама „Битола 2025“.мт/лв/

Фото: НУ Центар за култура-Битола 

Остани поврзан