• сабота, 13 јули 2024

Ново детско игралиште во дворот на ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“

Ново детско игралиште во дворот на ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“
Скопје, 21 јули 2021 (МИА) - Општина Центар почна со реконструкција на детското игралиште во дворот на ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“. Од општината соопштуваат дека планирано е градежните активности да завршат до почетокот на учебната година. Од прес-службата на Општина Центар информираат дека на површина од 170 квадратни метри ќе бидат поставени нови реквизити, нова гумирана подлога и заштитна ограда, а просторот од 50м2 ќе биде уреден со ниско зеленило и ќе биде поставена урбана опрема. - Продолжуваме со изградбата на модерни и функционални детски игралишта во Центар, изведени според најсовремени стандарди за квалитет, безбедност и одржливост. Жителите во овој реон ќе добијат нова рекреативна зона, а новото катче ќе обезбеди квалитетна игра за децата и зголемена безбедност за време на нивниот престој, изјави градоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ. До крајот на 2021 година ќе бидат санирани и реконструирани детските игралишта на девет локации на територијата на Општина Центар, за што ќе бидат одвоени десет милиони денари од општинскиот буџет.фф/дма/

Остани поврзан