• вторник, 23 јули 2024

Ново возило за Итната медицинска помош обезбеди Општата болница – Кочани

Ново возило за Итната медицинска помош обезбеди Општата болница – Кочани

Кочани, 20 декември 2023 (МИА) – Општата болница со проширена дејност од Кочани обезбеди ново амбулантно возило, што ќе биде на располагање на Итната медицинска помош.

Возилото „пежо боксер“ располага со современи медицински уреди за интервенции, а средствата за неговата набавка и опремување се од сопствената сметка на институцијата.

- Скоро по една деценија обезбедуваме ново амбулантно возило за потребите на пациентите од нашата општина, но и од регионот. Со тоа ќе ја подобриме можноста за нивен транспорт до нашата здравствена институција, како и до клиниките во државата. Наша цел е да го обновиме постојниот возен парк, како и да обезбедиме соодветна медицинска опрема што ќе биде во служба на сите граѓани, истакна в.д. директорката на болницата, Душанка Горгиева Трпевски.

Во изминатите неколку месеци во Општата болница во Кочани беа обезбедени уште два апарати, едниот е за компјутерска томографија, а другиот е 12-канален електрокардиограм.

Во болничките простории се поставени и нови клима уреди, а за следната година се најавува реновирање на болницата, опремување на простории со нова медицинска опрема, како и проширување на кадровскиот тим со нови лекари. та/ир

Фото: МИА

Остани поврзан