• четврток, 26 март 2026

Новотни: Доста е од бетон и чад — Центарот мора да стане место каде што децата слободно дишат

Новотни: Доста е од бетон и чад — Центарот мора да стане место каде што децата слободно дишат

Скопје, 16 октомври 2025

Носителот на листата за советници на Коалицијата за зелена иднина во Општина Центар, проф. д-р Антони Новотни, повикува на планска зелена трансформација на општината, со јасни и мерливи чекори за чист воздух и здраво секојдневие.„Центарот треба да биде место каде што децата слободно дишат. Доста е од бетон и чад, време е за планска трансформација,“ порачува Новотни, се вели во соопштението од  ДОМ, што МИА го објавува интегрално.

Тој најавува конкретни мерки во урбанизмот и локални политики за унапредување на квалитетот на воздух.

„Наместо паркинзи и дивоградби, ќе создадеме зелени површини и коридори што ги филтрираат честичките, ќе правиме системско засадување и ќе ги идентификуваме сите извори на загадување“, вели Новотни.

Во делот на енергетиката и здравствената заштита, Новотни додава „ќе донесеме европски проекти за енергетска ефикасност и мерки што веднаш ќе ја намалат изложеноста на населението. Центар што не ни краде години од животот — тој Центар почнува овде.“

Во видео обраќањето до граѓаните, тој повикува: „Заокружи 8. Коалиција за зелена иднина.“

ДОМ

Фото: ДОМ

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан