• вторник, 11 февруари 2025

Новооткриен паразит именуван по Џеф Даниелс

Новооткриен паразит именуван по Џеф Даниелс
Лос Анџелес, 27 јануари 2022 (МИА) - Џеф Даниелс е можеби најпознат по својата улога во хит-комедиите „Глупавиот и поглупавиот“ покрај Џим Кери, но сега името на глумецот влезе и во науката. Тукушто откриен паразит е именуван по него. Новиот вид црви го открија научници од Универзитетот „Риверсајд“ во Калифорнија. Тоа е еден од повеќе од 25.000 видови тенија, но и таков што ги напаѓа тарантулите и така, ги уништува. Универзитетот од САД потврди дека „taranarantobelus jeffdanielsi“ е новооткриениот паразит. Тие одлучија да го именуваат по Даниелс како признание за неговата улога на д-р Рос Џенингс во филмот „Арахнофобија“ од 1990 година, во којшто неговиот лик спасува град во Калифорнија од наезда на пајаци, појасни паразитологот Адлер Дилман - главен истражувач при откритието. - Кога првпат слушнав дека новооткриен црв е именуван по мене, си помислив: „Зошто? Дали има сличност? ...Искрено, на почетокот бев малку загрижен, но потоа бев благодарен за честа што ми е укажана од луѓето областа на паразитологијата, рече глумецот. Научниот труд за паразитот е објавен во понеделникот во „Журналот“ за паразитологија (Journal of Parasitology).  си/

Остани поврзан