Новогодишни пакетчиња за децата со попреченост во Општина Илинден
- Денеска, градоначалникот на Општина Илинден Александар Георгиевски, додели новогодишни пакетчиња за децата со попреченост од двете хуманитарни здруженија ,,Боиме сино” и ,,Илинден” кои се единствени на територија на општина Илинден и со кои локалната самоуправа има потпишано Меморандум за соработка.

26 декември 2023
Денеска, градоначалникот на Општина Илинден Александар Георгиевски, додели новогодишни пакетчиња за децата со попреченост од двете хуманитарни здруженија ,,Боиме сино” и ,,Илинден” кои се единствени на територија на општина Илинден и со кои локалната самоуправа има потпишано Меморандум за соработка.
Како што изјави градоначалникот Георгиевски, со овие новогодишни пакетчиња сакаме и на овие деца да им подариме насмевка и да почувствуваат дека се дел од нас, а ние не сме ги забораваме. Градоначалникот на сите деца им посака во новата 2024 година да имаат здравје, среќа и љубов.
Општина Илинден
Одделение за поддршка на Градоначалникот
________________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.
Фото:Општина Илинден