Новогодишни пакетчиња за ангажираните лица за вршење јавни работи
- Градоначалникот на Општина Кочани, Владко Грозданов, подари новогодишни пакетчиња на 39 работно ангажирани лица преку АВРСМ – Центар за вработување – Кочани и Општина Кочани.
Коани, 31декември 2025 (МИА) - Градоначалникот на Општина Кочани, Владко Грозданов, подари новогодишни пакетчиња на 39 работно ангажирани лица преку АВРСМ – Центар за вработување – Кочани и Општина Кочани.
-Лицата вршат јавни работи, односно учествуваат во чистење и одржување на јавни површини – улици, паркови и сл., за потребите на Општина Кочани. Сите се невработени, а поголем дел од нив се корисници на социјална помош, појаснуваат од Општината.

Градоначалникот Грозданов им ги честита новогодишните и божиќните празници на ангажираните лица и им посака мирно и пријатно празнување.ис/вј/
Фото: Општина Кочани