Новогодишна донација од СВР Битола, РСБСП и ОСБСП за првото бебе во Битола
- СВР Битола, Републичкиот и општинскиот совет за безбедност на сообраќајот (РСБСП) по повод Новата 2026 година го доделија првото детско седиште за автомобил на првото новороденче во Клиничката болница-Битола.
Битола, 1 јануари 2026 (МИА) - СВР Битола, Републичкиот и Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот (РСБСП) по повод Новата 2026 година го доделија првото детско седиште за автомобил на првото новороденче во Клиничката болница-Битола.
Овој симболичен чин не е само подарок, туку порака дека безбедноста почнува од првиот ден од животот, изјави за МИА, Сања Стаматова, портпарол на СВР Битола.
- Ние од СВР Битола, РСБСП која е нивна донација и ОСБСП постојано потсетуваме дека детското седиште не е избор, туку напротив неопходност. Тоа спасува живот и е најважниот прв чекор кон сигурно и безбедно детство. Им честитаме на родителите на приновата и им посакуваме, здравје, среќа и безбедни патувања, истакна Стаматова. мт/бак/
Фото: МИА архива