• понеделник, 23 декември 2024

Нови 13 заболени и четворица излекувани од коронавирусот денеска во Косово

Нови 13 заболени и четворица излекувани од коронавирусот денеска во Косово
 

Приштина, 1 април 2020 (МИА) – Институтот за јавно здравство на Косово (ИШПК) информира вечерва за 13 нови случаи кои, од извршените испитувања во текот на денот, резултирале позитивни на Ковид-19, по што официјалната бројка на заразени со новиот вирус во земјата достигна до 125, јави дописникот на МИА од Приштина.

Според соопштението на ИШПК, во текот на денот се тестирани примероците на 113 лица за кои постоело соменување дека се можни носители на вирусот, а вкупната бројка на тестирани од 8 февруари до вечерва изнесува 1.380.

Сите нови случаи се заразени од контакти со лица кај кои претходно е потврдено присуството на вирусот. Единаесет од нив се од месноста Топоница во општина Каменица, во источно Косово, на границата со Србија, а по еден од Приштина и од Ѓаковица.

Денеска се потврдени како излечени четири нови случаи кај кои претходно било потврдено присуството на Ковид-19, со што вкупната бројка на лица кои од појавата на првите заразени, на 13 март, се излечени достигна до десет, а во истиот период е забележана и една жртва. иа/

Остани поврзан