• недела, 22 декември 2024

Нови успеси на учениците од „Јахја Кемал" на Меѓународен натпревар во Лондон

Нови успеси на учениците од „Јахја Кемал
Скопје, 25 јули 2022 (МИА) -  На Меѓународниот натпревар IGO 2022 – Inrernational Greenwich Olympiad, ученици од приватното основно и средно училиште „Јахја Кемал“ од Северна Македонија постигнаа нов успех Натпреварот кој се одржа од 14 до 16 јули во Лондон, Велика Британија, беше организиран и спонзориран од North London Grammar School,  а учествуваа 168 ученици од 29 земји (Азербејџан, Бангладеш, Канада, Еквадор, Германија, Индонезија, Литванија, Мексико...) со 90 високо креативни и иновативни проекти во шест категории (компјутерски науки, енергија, инженерство, еколошки науки, кратки филмови и општествени науки) . Презентацијата на самото место и онлајн беа оценувани од експерти и академици од реномирани институции, вклучувајќи ги универзитетите во Оксфорд и во Кембриџ и Империал колеџот во Лондон. Учениците од „Јахја Кемал" на Меѓународниот натпревар IGO 2022 – Inrernational Greenwich Olympiad. добија злато за еден проект, за седум проекти добија сребро и еден проект доби бронза. Честитки за Горјан, Ихсан, Деа, Матеа,Туана, Халим, Влатко, Дрин, Дариа, Симон, Александар, Матеј, Ермир, Теодор, Ема, Ерјона, Рејхан, Марко, Емир, Ирем за овој голем напор и успех, наведуваат од „Јахја Кемал“. вг/са/

Остани поврзан