• недела, 19 мај 2024

Нови паркинзи за жителите на Подстаница во Драчево

Нови паркинзи за жителите на Подстаница во Драчево

Скопје, 26 јуни 2023 (МИА) - Нов паркинг простор добиваат жителите на Подстаница во Драчево. Градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски присуствуваше на денешното отпочнување на градежните активности за изградба на четири паркинзи, на вкупна површина од околу 600 квадратни метри. Лоцирани ќе бидат на улицата „Сердарот“ и ќе отворат можност за паркинг на околу 80 возила, информираат од Општина Кисела Вода.

- Утрово бевме во урбаната заедница Кисела Вода, каде финализира реконструкцијата на улицата „Локов“ и проширувањето на паркинг просторот во нејзина близина, а сега сме веќе во руралниот дел на општината, во Подстаница, каде започнуваме со изградба на четири нови паркинзи. Се работи за четири паркинг локации, на улицата „Сердарот“, во близина на месната заедница, со вкупна површина од околу 600 квадратни метри, предвидени за околу 80 возила. Со ова даваме значен придонес во решавање на сообраќајниот метеж, преку давање на нов простор за сообраќајот во мирување, што е одговор на барањето на моите сограѓани од овој дел на градот. Веќе утре продолжуваме со нови проекти што ги промовираме во рамки на роденденската недела на општина Кисела Вода, во која одбележуваме 68-годишно постоење, се наведува во писмената изјава на Ѓорѓиевски. бд/са/

Фото: Општина Кисела Вода

Остани поврзан