• вторник, 26 ноември 2024

Нови обвинувања кон Лизо за сексуално вознемирување

Нови обвинувања кон Лизо за сексуално вознемирување

Лос Анџелес, 11 август 2023 (МИА) - Поп-пејачката Лизо се соочува со нови обвинувања за сексуално вознемирување. Нејзините адвокати ја потврдија оваа информација и велат дека ги разгледуваат тврдењата.

Правникот Рон Замбрано рече дека ги испрашувале танчерките со кои работела Лизо. Од нив, три соработнички проговореа отворено и ги споделија своите искуства, што ги поттикна и другите да зборуваат за нивните искуства. Замбрано тврди дека не се работи само за сексуална злоупотреба туку и за неплаќање на вработените.

- Неверојатно е како Лизо и нејзиниот менаџерски тим ги третираат своите изведувачи спротивно на сѐ она за што Лизо јавно се залага, додека приватно ги засрамуваат и понижуваат нивните танчерки на начини коишто се апсолутно деморализирачки, рече Замбрано.

Инаку, три поранешни танчерки неодамна поднесоа тужба против поп-ѕвездата поради наводи дека четирикратната добитничка на „Греми“ наградите ги изложувала на сексуално вознемирување и создавала непријателска работна средина. Има и жалба дека една од тужителките посрамила поради прекумерната телесна тежина. Лизо ги отфрла наводите и вели дека танчерките лажат.

- Знам какво е чувството да се биде засрамен, на дневна основа, и апсолутно никогаш не би критикувала или отпуштила вработена поради нејзината тежина. Повредена сум, но нема да дозволам ова да ја засени добрата работа што ја правам во светот Сакам да им се заблагодарам на сите што ме поддржаа и ме подигнуваат во овој тежок миг, возврати Лизо.

Девојките ја обвинија Лизо, чие вистинско име е Мелиса Вивиен Џеферсон, дека го прекршила законот со тоа што не успеала да спречи или поправи непријателска работна средина, сексуално вознемирување и религиозно вознемирување, како и напад и дискриминација врз основа на попреченост.  си/

Фото: ЕПА.

 

Остани поврзан