• вторник, 19 ноември 2024

Дојави за бомби и во 11 училишта во Скопје

Дојави за бомби и во 11 училишта во Скопје

Скопје, 21 февруари 2023 (МИА) - Покрај на адресите на повеќе институции, судови, музеи, трговски центи и објекти во Скопје, меѓу кои и на претседателската вила на Водно, утрово, стигнале закани за подметнати експлозивни направи и до 11 скопски училишта. Како што потврди Министерството за внатрешни работи за МИА, во тек се антитерористички проверки.

-Денеска (21.02.2023) е пријавено дека преку електронските адреси е упатена закана за поставена експлозивна направа до Музеј на град Скопје, Природонаучен музеј, Археолошки музеј, Музеј на ММБ, Спомен куќа на Мајка Тереза, ГТЦ, Ист гејт мол, ТЦ Бисер, Флатирон, Џевахир, Управен суд, Куќа на Претседателот-Вила Водно, х. Мериот, х. Александар Палас, СЦ Борис Трајковски, Железничка станица Скопје и ФФМ.  Исто така добиена е пријава за упатена закана и од 11 училишта во Скопје. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите, наведуваат од МВР.

Вчера, како што информира МВР, дојави за поставени експлозовни направи пристигнаа на електронските адреси на 10 училишта и аеродромот во Скопје, како и кај четири во Прилеп, за кои по спроведените антитерористички проверки е утврдено дека станува збор за лажни пријави. вг/нд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан