• понеделник, 23 декември 2024

Нови агрометеоролошки станици во битолските села Кравари и Лисолај

Нови агрометеоролошки станици во битолските села Кравари и Лисолај
Битола, 20 јануари 2021 (МИА) - Центарот за развој на пелагонискиот плански регион - Битола (ЦРППР) во соработка со подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ), постави нови агрометеоролошки станици со софтвер за земјоделски култури. Со новите агрометеоролошки станици ќе се обезбедуваат информации потребни за да се добијат најдобрите можни резултати за подобар раст и принос на одреден насад, но и значајни заштеди на средствата за заштита на земјоделските производи, човечки труд и механизација. Агрометеоролошките станици се со повеќе сенозори, а нивната локација, атарот на населените места Кравари и Лисолај, обезбедува широк опфат во битолскиот дел на Пелагонија. -Агрометеоролошките станици „Метеобот“ имаат сензори за мерење на температура на воздух и на почва, влажност на воздух, сензор за воздушен притисок, мерење на брзина на ветерот, мерење на количествона врнежи, соларна радијација, како и сензор за влажност на лист. Агрометеоролошката станица „Метеобот“ е автоматска, корисникот нема потреба да доаѓа до станицата за да ги чита и превзема податоците, односно станицата континуирано на секои 10 минути ги собира измерените податоци и ги испраќа на сервер за обработка, информираат од ЦРППР-Битола. Двете агрометеоролошки станици се обезбедени во рамки на проектот „Иновациите во функција на унапредување на земјоделството во Пелагонискиот регион“. мт/мч/

Остани поврзан