• среда, 25 март 2026

Новите правила за влез во ЕУ почнуваат од 12 октомври, ќе важат и за македонските државјани

Новите правила за влез во ЕУ почнуваат од 12 октомври, ќе важат и за македонските државјани

Скопје, 11 септември 2025 (МИА) - Системот за влез/излез на ЕУ започнува со постепена примена од 12 октомври. Ова е мерка што се презема за зајакнување на безбедноста на сите влезни точки на ЕУ. Ќе биде постепена, но и ќе го олесни процесот на влез во ЕУ, изјави денеска евроамбасадорот Михалис Рокас. 

Во пракса, како што појасни Рокас, тоа значи дека граѓани од трети земји ќе треба еднаш да се регистрираат со фингерпринт и фотографии, но откако ова еднаш ќе се направи, следниот влез ќе може да се користи автоматскиот влез на аеродромите и тн. 

Рокас, исто така, нагласи другиот систем ЕТИАС,  не е ист и не треба да создава конфузија со системот за влез/излез и дека за него ќе има навремена информација за неговата имплементација. аа/са/

Фото: МИА

Остани поврзан