• четврток, 14 ноември 2024

Новите мутации на Ковид-19 најверојатно се присутни во Албанија

Новите мутации на Ковид-19 најверојатно се присутни во Албанија
Тирана, 11 февруари 2021 (МИА) - Раководителката на Одделението за инфективни болести на албанскиот Институт за јавно здравје, Силва Бино,која е членка на Комитетот на експерти за справување со пандемјата, изјави дека се сомневаат оти во Албанија циркулира мутација на Ковид-19, што е и причина за растот на новозарзени во земјата. Според неа, 50 примероци за кои постои сомневање дека се мутации на вирусот се веќе испратени во Велика Британија. - Имаме испратено 50 примероци во Велика Британија. Тие се наоѓаат во Агенцијата за јавно здравје во Лондон, која е референтна лабораторија. Ова се примероци избрани од реинфекцирани лица, како и од оние за кои заедно со некои приватни лаборатории се сомневавме дека може да има мутација, истакна Бино. Таа не ја отфрла можноста дека во Албанија се присутни двата вида на мутации на Ковид-19. - Се сомневаме дека циркулираат двата вида мутација, британскиот и јужноафриканскиот. Од епидемиолошка гледна точка, реинфекцијата, зголемувањето на бројот на заразени млади лица и другите елементи, како што е на пример, зголемувањето на тешките случаи кај децата, е многу важен елемент, кој наведува на постоење на новиот вид на коронаврус, посочи Бино. Според директорката на Инфективната клиника во Тирана, Најада Чамо, во последните десет дена загржувачки се зголемува бројот на хоспитализирани лица од помладата популација, кои не боледувале од друга болест, а има и починати, што наведува на фактот, според неа, дека се присутни мутациите во Албанија. Поради влошената епидемиолошка состојба вчера Националниот комитет на експерти одлучи од денеска до 25 овој месец полицискиот час да трае од 20 до шест часот наместо од 22 часот, како што тоа беше од 11 ноември минатата година, кога вторпат беше воведена оваа мерка во земјата. Во средните училишта во десет општини до 26 месецов наставата ќе се одвива онлајн, а за студентите продолжен е рокот за полагање испити за 45 дена. вт/ми/

Остани поврзан