• петок, 22 ноември 2024

Новиот француски министер за внатрешни работи, Бруно Ретајо, сака прво да се воведе ред на улиците и на границите

Новиот француски министер за внатрешни работи, Бруно Ретајо, сака прво да се воведе ред на улиците и на границите

Париз, 23 септември 2024 (МИА)  - Новиот министер за внатрешни работи на Франција, Бруно Ретаjо, денеска изјави дека негов приоритет ќе биде „враќање на редот“ на улиците и на границите.

-Францускиот народ сака повеќе ред - ред на улиците, ред на границите, рече Ретаjо во своето прво јавно обраќање како министер за внатрешни работи.

Овој конзервативен сенатор е познат по своите десничарски ставови, бидејќи претходно веќе ја имаше повикано претходната влада да заземе построг став кон имиграцијата.

Тој денеска изјави и дека нема да толерира никакво вербално насилство кон силите на редот и законот, кои ги нарече „штитови“ на Републиката, пренесува БФМ.

Триесет и осум членови на новата француска Влада на чело со премиерот Мишел Барние денеска официјално ја преземаат функцијата.

Претставници на опозицијата, лидери и на екстремната десница и на левицата во Франција го критикуваа составот на новата влада, а илјадници луѓе во саботата излегоа на улиците на француските градови за да ја осудат владата на Барние, пренесоа француските медиуми.сд/

Фото:Скриншот Википедија

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан