Новиот министер за надворешни работи на Украина најави кадровски промени
- Според него, мерило за секој украински дипломат „ќе биде резултатот, а не самопромоцијата и објавите на социјалните мрежи“.

Киев, 6 септември 2024 (МИА) – Новоименуваниот министер за надворешни работи на Украина, Андриј Сибига денеска најави кадровски промени во ресорот.
- Министерството за надворешни работи мора да одговори на новите геополитички реалности. И институционално и кадровски. И во Украина и во странство. На неодамнешниот состанок со амбасадорите со кој претседаваше претседателот Володимир Зеленски, беа најавени кадровски промени и листа на приоритетни земји и региони каде ќе отвориме нови дипломатски институции – ќе се појават нови амбасадори и генерални конзули за да го зајакнеме системот, објави Сибига на Фејсбук.
Според него, мерило за секој украински дипломат „ќе биде резултатот, а не самопромоцијата и објавите на социјалните мрежи“. јт/
Фото: Фејсбук