Новиот коронавирус се прошири и во Бангладеш
- Во Бангладеш денеска се потврдени првите три случаи на заразени со Ковид-19
Дака, 8 март 2020 (МИА) - Во Бангладеш денеска се потврдени првите три случаи на заразени со Ковид-19.
Според здравствените власти, инфицирантите лица се на возраст од 20 до 35 години и неодамна се вратиле од Италија.
Новиот коронавирус денеска се прошири и во Бугарија и во Молдавија. Во Бугарија досега се пријавени четворица пациенти, во Молдавија е хоспитализирана жена која била во Италија. Додека во Јужна Америка односно во Аргентина е регистриран првиот смртен случај. Почина 60-годишен маж кој неодамна престојувал во Европа. ми/