• сабота, 23 ноември 2024

Нов заменик-министер за култура е Онур Али

Нов заменик-министер за култура е Онур Али

Скопје, 28 јануари 2024 (МИА) - Нов заменик-министер за култура е Онур Али кој доаѓа од редовите на партијата на Скендер Реџепи. 

Тој во објава на „Фејсбук“ упати благодарност до претседателот на партијата и членството што му дале поддршка и доверба да биде дел од Владата.

- Од денеска по предлог на партијата Народно движење и со одлука на Собранието на Северна Македонија, сум именуван за заменик министер за култура. Сакам да упатувам благодарност до претседателот на партијата Скендер Реџепи-Зејд, членството на партијата и сите тие што ми дадоа поддршка и доверба да ги претставувам вредностите и партиската програма на Владата. Се обврзувам дека ќе бидам верен на чесноста и вредностите на нашето Движење и задачата ќе ја извршувам со големо внимание, останувајќи отворен за сите граѓани, пишува во објавата на „Фејсбук“. фф/бак/

Фото: Фејсбук

Остани поврзан