• недела, 22 декември 2024

Новиот градоначалник на Химара, Белери останува во притвор

Новиот градоначалник на Химара, Белери останува во притвор

Тирана, 22 мај 2023 (МИА) - Албанскиот  специјален првостепен суд за корупција и организиран криминал денеска ја потврди  мерката  притвор за новоизбраниот градоначалник на гратчето Химара, Фреди Белери.

Тој притворот ќе го издржува во затворот со висока безбедност "313" во Тирана.

Истата мерка е потврдена и за неговиот соработник Пандели Какавеши,  двајцата уапсени два дена пред локалните избори што се одржаа на 14 месецов под сомнение за купување гласови.

Адвокатите најавија жалба до Апелацискиот суд.

- Фреди Белери само бара правда од судот, не прифаќајќи го сомнежот што се покрена против него. Утре, според одлуката што е донесена денеска, ќе го оствариме правото на жалба до Апелациониот суд. Тврдиме дека нема основано сомневање и не треба да се изречат безбедносни мерки за двајцата, рече адвокатот.

Медиумите пренесуваат дека според обвинението, Фреди Белери е фатен во момент кога купува осум гласа за 40 илјади лека( 400 евра).

-Неговото апсење наиде на реакции и од грчката страна, која често бараше негово ослободување. Но и покрај "заканите" од Грција со евроинтегративниот пат на Албанија тој останува во притвор. Премиерот Еди Рама, коментирајќи ги острите реакции на официјална Атина, рече дека албанската правда не може да се оспорува и дека мора да постапува исто за сите, наведува Ора њуз.

Според медиуми веднаш по соопштувањето на одлуката група граѓани се собрале пред албанската амбасада во Атина на протест. вт/сд/


Фото од Фб на Белери

Остани поврзан