• среда, 03 јули 2024

Новиот албум на Кендрик Ламар излегува во мај

Новиот албум на Кендрик Ламар излегува во мај
Лос Анџелес, 19 април 2022 (МИА) - Познатиот рапер од Калифорнија, Кендрик Ламар вчера го најави објавувањето на неговиот нов, петти студиски албум. Новото остварување е наречено „Mr. Morale & The Big Steppers“ излегува на 13 мај. По неговиот последен студиски албум „Damn“ за којшто ја доби Пулицеровата награда за музика, американскиот рапер работеше и на музиката за филмот на „Марвел“ - „Црниот пантер“. Компилацијата е изведена и на Фестивалот во Коачела, а освои 14 „Греми“ награди, како и номинација за „Оскар“. „Детето од Комптон (инаку сиромашно предградие на Лос Анџелес)“ - Кендрик Ламар се смета за еден од најдобрите рапери на сите времиња поради неговите стихови кои се занимаваат со расизмот, насилството и социјалната неправда и препознатливата нишка на џез. Веќе е објавено и дека раперот ќе настапи и на следниот Фестивал на Гластонбери.  си/ссм/

Остани поврзан