• сабота, 27 јули 2024

Новинар загина во бомбашки напад во Авганистан

Новинар загина во бомбашки напад во Авганистан
Кабул, 12 ноември 2020 (МИА) - Новинарот на авганистанското радио Елиас Даџи загина денеска кога експлодирала бомба прикачена на неговиот автомобил. - Во нападот се повредени уште три лица, меѓу кои и едно дете, изјави портпаролот на гувернерот на покраината, Хелманд Омер Звак. Директорот на радиото, Азади Сами Махди, на Твитер потврди дека неговиот колега и пријател Елиас Даџи е убиен во терористички напад утрово. Никој сè уште не ја презеде одговорноста за нападот, што следеше неколку дена по убиството на поранешниот водител на ТОЛО ТВ во Кабул. паг/  

Остани поврзан