• недела, 25 август 2024

Новинарот и фоторепортер Петар Ставрев добитник на наградата за животно дело на Општина Битола

Новинарот и фоторепортер Петар Ставрев добитник на наградата за животно дело на Општина Битола

Битола, 1 ноември 2022 (МИА) - Новинарот и фоторепортер од Битола Петар Ставрев е годинашен добитник на највиското општинско признание, наградата за животно дело која традиционално се врачува на Денот на ослободувањето на Битола, 4 Ноември.

Одлуката на Управниот одбор за доделување на општински признанија и награди, на прес-конференција ја потврди и градоначалникот Тони Коњановски.

-Новинарот, фоторепортерот, познатиот битолски хроничар, автор на бројни изложби и планинар Петар Ставрев, предложен од фелата, од новинарите, е годинешен добитник на наградата за животно дело, истакна градоначалникот Коњановски.

Навлезен во деветтата деценија од животот, Петар Ставрев и ден денес лесно се искачува на врвот Пелистер, не отсуствувал од ниту еден јавен настан во градот архивирајќи го со својот фотоапарат, а пред колегите новинари ги споделува професионалните искуства од времето кога работеше во дневниот весник „Вечер“, а соработувал и со други национални и локални медиуми.

Во репортажа за МИА, фоторепортерот и планинар Петар Ставрев ја сподели инспирацијата и традицијата на новогодишно искачување на врвот Пелистер каде на дежурните вработени на предавателниот пункт Пелистер со шампањско, со децении им ја честита новата година. мт/сст/

Остани поврзан