• вторник, 19 ноември 2024

Новинарот Ал-Харби: УЕФА може да го покани Ал-Наср во Лигата на шампионите

Новинарот Ал-Харби: УЕФА може да го покани Ал-Наср во Лигата на шампионите

Ријад, 14 ноември 2023 (МИА) – Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) ја разгледува опцијата да го покани Ал-Наср да учествува во Лигата на шампионите во сезоната 2024/25.

- УЕФА има намера да упати покана до клубот Ал-Наср да учествува во Лигата на шампионите во 2024 година, бидејќи тој е еден од трите најпопуларни фудбалски клубови и има голема популарност на европскиот континент, објави новинарот Али Ал-Харби на социјалните мрежи.

На 16 август „Corriere dello Sport“, објави дека клубови од Саудиска Арабија сакаат да добијат вајлд-карта за учество во Лигата на европските шампиони.

На 19 август „Foot Mercato“ истакна дека УЕФА ја отфрли можноста клубовите од Саудиска Арабија да се натпреваруваат во Лигата на шампионите. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан