Новинар загина во израелски напад врз Газа
- Најмалку две лица загинаа, меѓу кои и еден новинар во синоќешниот израелски напад во кој се погодени шатори пред две големи болници во Појасот Газа. Според палестински лекари, девет лица се ранети, од кои шест се новинари.
Газа, 7 април 2025 (МИА) - Најмалку две лица загинаа, меѓу кои и еден новинар во синоќешниот израелски напад во кој се погодени шатори пред две големи болници во Појасот Газа. Според палестински лекари, девет лица се ранети, од кои шест се новинари.
Според информации од болниците, уште 15 лица загинале во одвоени напади низ Појасот Газа.
Војната, која трае веќе 18 месеци, започна со напад на Хамас на израелска територија на 7 октомври 2023 година, во кој беа убиени околу 1.200 луѓе, а како заложници беа земени 251. Уште 59 лица се уште се во заробеништво, од кои за 24 се верува дека се живи.
Според Министерството за здравство на Газа, повеќе од 50.000 Палестинци, главно жени и деца, биле убиени во израелската офанзива на Гат како одговор на овој напад. рп/
Фото: МИА архива