Нова фасада за кумановското училиште „Браќа Миладиновци“ во рамки на проектот „Справување со загадување на воздухот“
- Поставувањето на фасадата е дел од одлуките на граѓаните на форумските сесии во рамки на проектот „Справување со загадување на воздухот“, кој е дел од програмската рамка на УНДП, финансирана од кралство Шведска и кофинансиран од Општина Куманово.
Куманово, 5 јуни 2025 (МИА) - Учениците од кумановското основно училиште „Браќа Миладиновци“ денеска бираа помеѓу две идејни решенија за изгледот на нова енергетска ефикасна фасада која ќе почне да се поставува веднаш по завршувањето на учебната година. Поставувањето на фасадата е дел од одлуките на граѓаните на форумските сесии во рамки на проектот „Справување со загадување на воздухот“, кој е дел од програмската рамка на УНДП, финансирана од кралство Шведска и кофинансиран од Општина Куманово.
-Изборот на фасадата е една од предлог мерките на форумите што самите граѓани ја одбраа да се реализира во рамки на проектот. Училиштето е одбрано, бидејќи заедно со централното „Крсте Мисирков“ има околу 2.500 ученици. Објектот има покрив, прозорци, врат со поставување на фасада се заокружува енергетската ефикасност, изјави Александра Георгиевска Протиќ од одделението за животна средина од Општина Куманово.

Директорката на училиштето, Јасмина Спасовска очекува поставувањето на фасадата да почне по распустот и нагласи дека очекува да заврши до почетокот на идната учебна година.
-Особено ни е драго што учениците ја бираат фасадата, ќе пораснат, ќе поминат тука и ќе кажат еве јас одлучував за изгледот на училиштето, благодарност до УНДП, Шведска, до општината, до факултетот „Гоце Делчев“ кое изврши истражувања за аерозагадувањето, изјави Спасовска.
Таа посочи дека е можно поради високите температури и препораките на стручните во однос на работното време да има мало доцнење на поставувањето на фасадата. Меѓу останатите препораки за намалување на аерозагадувањето во просториите на училиштата е опремување на ходниците со ормани за оставање на јакните на учениците и набавка на прочистувачи.
Раководителот на секторот за образование, Александар Јованови потенцира дека во дел од училиштата тоа може да се спроведе во помалите.
-Го поздравувам и едносменското работење, ќе воведеме во некои училишта, но не и во сите. Имаме 21 училиште со 49 објекти. Фасадатите се заменети речиси во сите, изјави Јовановиќ.

Куманово, заедно со други општини е опфатено во проектот „Справување со загадување на воздухот“, кој е дел од програмската рамка на УНДП, финансирана од Кралството Шведска и кофинансиран од Општина Куманово. Градот спроведува повеќе мерки за намалување на аерозагадувањето, кое особено се чуствува во зимските месеци.
Досега се применети субвенции за приклучок на гас, субвенции за клима, садење висококвалитетни садници, останува да се воведат прочистувачи за воздух и поставување фотоволтаици. Според последните истражува во Куманово дефинирани се шест извори на загадување, најмногу согорување на биомаса чии пикови се евидентни во периодот декември-јануари, потоа сообраќај, согорување на оган на отворено и отпад, согорување на мазут и нафта, со најмал процент е минерална прашина и секундарните аеросоли. ам/фф/
Фото: МИА