Нова сообраќајка на патот Гостивар - Кичево, сообраќајот по една коловозна лента
- На патниот правец Гостивар-Кичево после „Стража“ попладнево се случи сообраќајна незгода. Од Авто мото сојузот на Македонија информираат дека од 17:05 часот сообраќајот е одвива наизменично по една коловозна лента.

Скопје, 16 декември 2023 (МИА) - На патниот правец Гостивар-Кичево после „Стража“ попладнево се случи сообраќајна незгода. Од Авто мото сојузот на Македонија информираат дека од 17:05 часот сообраќајот е одвива наизменично по една коловозна лента.
Претходно, на патниот правец Кичево - Гостивар, кај местото викано „Тајмишка раскрсница“ се случи сообраќајна незгода поради што сообраќајот беше во прекин до 16:20 часот. бд/бак/
Фото: МИА архива