• петок, 05 јули 2024

Нова подлога на игралиштето во Росоман

Нова подлога на игралиштето во Росоман
Росоман, 21 септември 2021 (МИА) - Поставена е еластична спортска подлога (тартан) на игралиштето во кругот на старото училиште во Росоман. Инвестицијата е во вредност од 1.813.500,00 денари без ДДВ. Проектот е финансиран целосно од буџетот на општината Росоман. - Подлогата е поудобна за спортистите, не се пролизгува и штити од евентуални повреди, појаснуваат за МИА од Службата за односи со јавноста при росоманската општина. свд/цр

Остани поврзан