• четврток, 26 март 2026

Нова победа за ракометарите на Прилеп

Нова победа за ракометарите на Прилеп

Прилеп, 3.октомври 2025 (МИА) – Ракометарите на Прилеп ја остварија третата победа во шампионатот. Тие вечерва во првиот дуел од 6.коло од Супер лигата на домашен терен ја совладаа Струга со 34:27. Првиот дел беше неизвесен до 20.минута кога домаќинот водеше со 12:11, а потоа следуваше серија од 6-0 за Прилеп со што беше најавена победата. Во вториот дел домашната екипа имаше и 12 голови разлика, а стружани до крајот само го ублажија поразот.

Најефикасен на дуелот беше Наум Костов од Струга со 8 голови, додека кај победникот Денис Шабановиќ постигна 6 голови.

Утре се играат два дуела: Еурофарм Пелистер 2 – Тиквеш и Радовиш – Вардар, додека во недела на програма се дуелите: МРК Куманово – Алкалоид и дербито меѓу Еурофарм – Охрид.

Шестото коло ќе биде комплетирано со натпреварот што ќе се игра во вторник меѓу Бутел и Пролет. мн/

Фото: Фејсбук РК Прилеп

Остани поврзан