• вторник, 24 декември 2024

Нова опрема за прилепските пожарникари од Дирекцијата за заштита и спасување

Нова опрема за прилепските пожарникари од Дирекцијата за заштита и спасување
Прилеп, 26 јули 2022 (МИА) - Прилепската противпожарна единица од Дирекцијата за заштита и спасување доби нова опрема, главно за дејствување при елементарни непогоди и сообраќајни несреќи. Како што објаснува Севгани Ибрахими, раководител на одделението за мобилизациски работи при Дирекцијата за заштита и спасување, опрема добиваат сите противпожарфни единици во државава. - Со одлука на владата се распределува опрема во противпожарните единици, а денеска во прилепската противпожарна единица. Самата опрема се состои од комплетен сет за повлекување и стабилизирање при елементарни непогоди, посебно при земјотреси и сообраќајни несреќи, има и агрегарт, пумпи за справување со поплави, црева, друга неопходна опрема, изјави Ибрахими. Прилепската противпожарна единица покрива една од најголемите територии на општините Прилеп, Долнени, Кривогаштани и Мариовскиот регион. Релативно е мирна ситуацијата со пожарите во прилепскиот регион и за 50 насто се помалку од лани. Единицата има 35 вработени, но потрбни се уште десетина. А возилата тешко се сервисираат. Виктор Стојучески, командир на прилепската противпожарна единица вели дека е битна превентивата. - Секоја опрема е прекудобредојдена за дејствувањето на единицата. Засега ситуацијата со пожарите е релативно мирна, за 50 насто се помалку пожарите во споредба со јули минатата година. Но ние сме подготвени да реагираме. Секогаш има потреба од нова опрема и вработувања. Имаме 13 возила, функционални се осум, но најголем проблем е сервисирањето на возилата. А според законот и бројноста на жителите, потребни се уште 10-тина пожарникари. Главно е да се дејствува превентивно, да се спречат пожарите и оние што намерно потпалуваат, при незаконското сечење и превоз на дрва, да не се палат стрништата, вели Стојчески. Прилепскиот градоначалник Борче Јовчески, изјави дека локалната самоуправа има план за набавка на опрема, а засега се ангажираат сезонски пожарникари. - Секоја нова опрема значи многу, а ние направивме план и за набавка на нова. Во моментов со договор се ангажирани седум лица, и уште неколкумина ќе бидат во август, рече Јовчески. Пожарникарите остануваат со апелот на целосна одговорност на населението за да не се предизвикаат пожари. ем/цр

Остани поврзан