• петок, 22 ноември 2024

Нова жртва на Ковид-19 во Косово, вкупно 33 починати

Нова жртва на Ковид-19 во Косово, вкупно 33 починати

Приштина, 14 јуни 2020 (МИА) - Жена на 74-годишна возраст од Призрен почина утрово на Инфективната клиника при Клиничкиот и универзитетски центар на Косово (ЌКУК), со што бројката на жртви на новиот коронавирус во земјата се искачи на 33, јави дописникот на МИА од Приштина.

Според соопштението од ЌКУК, и последната, како и сите други жртви на епидемијата, страдала и од други тешки болести.

Од почетокот на пандемијата во Косово се регистрирани 1.384 заболени од Ковид-19, од кои како излекувани се водат 928 лица. Активни носители на вирусот се 476 лица.

Во лабораторијата за микробиологија на Институтот за јавно здравство на Косово досега се извршени 17.934 тестирања. иа/ми/

Остани поврзан