• четврток, 26 март 2026

Новата учебна година во ОМУ „Ристо Јуруков“ во Кочани започна со 25 првачиња

Новата учебна година во ОМУ „Ристо Јуруков“ во Кочани започна со 25 првачиња

Кочани, 3 септември 2025 (МИА) - Во Кочани денеска започна учебната година и за учениците од Основното музичко училиште „Ристо Јуруков“. Во наставната 2025/26 година, во единствено во градот училиште од ваков карактер, се примени 25 првачиња. Од нив 12 во деветгодишниот и 13 ученици во шестгодишниот образовен систем.

Во присуство на наставниците и родителите, претставници на институции од локален и државен карактер, како и на в.д. градоначалник на Општина Кочани, Венко Крстевски, првачињата се запознаа со наставниот кадар, а училиштето ги дочека со музички настапи од постарите ученици. 

ОМУ „Ристо Јуруков“ од Кочани важи за престижно училиште чии ученици се редовно освојувачи на вредни награди на државни и меѓународни натпревари.ис/вј/

Фото: ОМУ „Ристо Јуруков“

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан