• недела, 18 мај 2025

Новата готвачка на Роналдо ќе заработи милион евра за една недела на јахта

Новата готвачка на Роналдо ќе заработи милион евра за една недела на јахта

Мадрид, 9 мај 2025 (МИА) - Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо и неговата партнерка, шпанската супермоделка Георгина Родригез, го планираат претстојниот одмор - на својата приватна јахта, кај шпанскиот остров Ибица. Покрај сите луксузни детали, двојката ќе има и приватна готвачка за ова патување, која за својата привремена работа, т.е. за само една седмица ќе заработи милион евра.

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by KAPRA (@somoskapra)

Се работи за Марта Гарсија Бу - позната инфлуенсерка која на социјалните мрежи се потпишува како Буки. Според наводите, Георгина ја исконтактирала Марта преку „Инстаграм“.

- Ако сакаат стек во 2:00 часот наутро, јас ќе се станам во 2:00 ч. наутро и ќе им го зготвам тоа. Тоа може да биде особено тешко бидејќи тие ќе патуваат како семејство, вклучувајќи ги и малите деца кои можеби имаат најголеми желби. Тоа ќе биде спектакл!, рече Марта.

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Boukie (@_boukie_)

Инаку, Марта по образование е инженер и работи како консултант во реномираната компанија „Делоит“. Сепак, нејзините готвачки вештини ѝ донесоа поголема популарност. На „Тик-ток“ ја следат речиси половина милион луѓе, а на „Инстаграм“ има скоро 400.000 следбеници.

Популарноста на интернет ѝ донесоа прилично големо внимание на готвачката, па таа ја стекна и довербата на бројни познати личности, меѓу кои и шпанскиот пејач Кеведо.  си/

Фото: Инстаграм

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан