Нкунку заминува во Баерн
- Фудбалерот на Челзи Кристофер Нкунку можно е да направи трансфер во Баерн
Лондон, 15.август 2025 (МИА) - Фудбалерот на Челзи Кристофер Нкунку можно е да направи трансфер во Баерн. Премиерлигашот од Лондон Челзи почна подготовки со бундеслигашот од Минхен.
Баерн планираше да донесе играч од Штутгарт, но овој тим ги одби сите понуди, па „баварците“ мораа да тргнат кон други опции и сега главна мета е Нкунку. Екипата од Минхен се обидува доаѓањето на играчот да го реши со позајмица и со право на откуп, но постои и опција за продажба со тоа што Челзи треба да се сложи за цена од 40 милиони евра.
Тренерот на Баерн Винсент Компани се надева дека Нкунку може да биде добра опција, особено што Џамал Мусијала ќе биде надвор од теренот подолг период поради повреда. мн/
Фото: Фејсбук Нкунку