• недела, 22 декември 2024

Николоски: По изборите нема да има селекција, односно секој ќе одговара

Николоски: По изборите нема да има селекција, односно секој ќе одговара
Скопје, 3 јули 2020 (МИА) - Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, носител на листата на кандидати за пратеници од Изборната единица 4, во вечерашното гостуваше на телевизија Алфа на емисијата „Што не е јасно“, истакна дека одејќи на терен на средбите со граѓаните ретко слуша добри вести. - Во однос на поткупот не може да купите некој со еден пакет, граѓаните остануваат без работа, а тоа треба да престанат да го прават зошто поткуп е тешко кривично дело и за тоа ќе одговараат зошто ќе постапат надлежните институции, рече Николоски. Под влијание на зелената мафија, нагласи, излобиран е Закон за тутунот со кој се дозволи увоз пред да е продаден домашниот, или се дозволи да се увезе од Албанија и Бугарија и остана домашниот неоткупен. - И одам кај луѓето и гледам како позади куќите стои тутун непродаден. Исто и ги уценуваат тутун од прва класа им го плаќаат како тутун од втора. Годишно има кога е подобра годината 27 милиоми тони тутун, а годинава има договори за 22 милиони тони тутун, значи пет тони ќе останат непродадени или нема приход на семејствата, затоа ние прво ќе донесеме закон за забрана за увоз на тутун пред откуп на домашниот тутун, посочи Николоски. Потенцира дека триесет години во Македонија народот изгуби верба и корупцијата ја има од најниско ниво до највисоко. - Правото и правдата мора да се спроведат затоа што луѓето гледаат и нечесно е кон овие што се чесни, бидејќи сега луѓето бегаат од државава поради оваа состојба. По изборите нема да има селекција, односно секој ќе одговара. Не смееме да дозволиме пазарен инспектор да е крал во општината, не смееме да дозволиме одредена авто школа да не работи зошто полицаец има негова и ја блокира другата, додаде Николоски. рп/aa/

Остани поврзан