• петок, 05 декември 2025

Николоски: Новата авиолинија Скопје - Келн значи многу за развојот на туризмот, економијата и бизнисот

Николоски: Новата авиолинија Скопје - Келн значи многу за развојот на туризмот, економијата и бизнисот

Скопје, 7 август 2025 (МИА) - Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николски денеска објави дека авиокомпанијата „Wizz Air“ почна со продажба на билети за новата авиолинија Скопје - Келн.

- Оваа авиолинија значи многу за развојот на туризмот, за нашата дијаспора и за развој на економијата и бизнисот. Продолжуваме да го развиваме авиосообраќајот во Македонија, напиша Николоски на Фејсбук. мд/дма/

Фото: Фејсбук на вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николски 

Остани поврзан