• петок, 22 ноември 2024

Николоски: Ни треба нов почеток во државата, а за тоа се потребни избори

Николоски: Ни треба нов почеток во државата, а за тоа се потребни избори

Скопје, 13 јули 2023

 

Скоро и да нема место каде граѓаните се задоволни од економската состојба, а другата работа за која граѓаните реагираат е високото и широко распространето ниво на корупција која сега оди од највисоко до најниско ниво. Практично нема човек кој рекол дека завршил работа без да познава некого или без да даде мито. Целосно се руши системот, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски за „Аргумент плус“ на ТВ24.

Николоски истакна дека корупцијата е во врвот на СДС и ДУИ и обидот да се спинува и да се стави се само на една личност е поигрување со јавноста и нема да не однесе до позитивна оценка и почеток на преговори со ЕУ.

-Во Македонија доаѓаат министри за надворешни работи, функционери, а во Бугарија не отишол никој. Тоа е потврд дека неколку големи земји членки на ЕУ, мислат дека Македонија не е спремна и ја гледаат Бугарија како добар изговор, што не води до клучниот проблем дека високото и широко распространето ниво на корупција ги удира темелите на македонското национално достоинство. Затоа што со високо ниво на корупција главните земји членки мислат дека Македонија не заслужува почеток за преговори, а ја оставаат Бугарија да удира во темелите на македонската државност, култура и јазик, изјави Николоски.

Тој посочи дека треба ние да се договориме во следниот период дали ова искрено ќе се поразговара со земјите членки, ќе ги средиме работите и ќе настапиме поорганизирано кон Бугарија.

- И еден амбасадор овде отворено кажа дека не ги интересираат уставните измени, туку корупцијата. Тој јавно кажа. Да имаме чист ситуација каде ќе бидат сигурно дека Македонија заслужува почеток на преговори, верувајте ќе отиде еден дипломатски тешкаш во Бугарија и за едено претпладне ќе ја зарши работата. Но, тоа не се случува. Македонија може лесно да се среди, а првите резултати да се видат за 6 до 9 месеци, а за неколку години и целосно. Ако сработиме добро, притисокот ќе се префрли во Софија. Но за тоа прво мора да ја напишеме домашната, потенцираше Николоски.

Николоски додаде дека за борба со криминал и корупција треба да се ослободат институциите, има врвни луѓе, експерти кои можат да ја завршат работата ако немаат политички притисок.

- Едни такви ослободени институции за 6 до 9 месеци ќе дадат резултати. Се знае кои се корупмирани доктори, професори , обвинители, службеници. Институциите тоа треба да го проверат и да го кажат проблемот. Мора од основата да се тргне за да се стигне до решенијата.  Потребна е промена на власта, на општеството му треба нов почеток, а за тоа се потребни избори, рече Николоски

Николоски: Народот ќе направи правилен избори и ВМРО-ДПМНЕ ќе добие 61 пратеник

Левица се претставуваат како опозиција, а збор не слушнавме да кажат за штетниот договор за изградба на автопатите со Бехтел и Енка, па да прашам зошто е така? Втора работа, овие се единствена опозиција кои не сакаат опозицијата да победи на избори, затоа што ако добро ја видов изјавата велат дека ВМРО-ДПМНЕ не смеат да добијат 61 пратеник. Ако ВМРО-ДПМНЕ не добие 61 пратеник, а СДС не може да добие толку, тогаш ќар ќе биде ДУИ, значи работат директно во корист на ДУИ, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски за „Аргумент плус“ на ТВ 24.

Николоски посочи дека затоа што ако ВМРО-ДПМНЕ нема 61 пратеник тогаш ДУИ повторно ќе биде оној кој ќе ги држи сите карти во раце, значи тоа дека Левица, директно работи или нејзиниот претседател работи за интересите на ДУИ.

- Ова се легитимни прашања, на кои не се дава одговор. Одат на гол популизам и се оди на гола манипулација. Јасно е, прочитано, свесно или несвесно работат за СДС и ДУИ, свесно или несвесно ги помагаат во нивното штетно работење и затоа пораката до народот е на следните избори да направат јасен избор, рече тој.

Николоски потенцираше дека ако мислат граѓаните дека треба да се промени оваа влада на СДС и ДУИ, тогаш да гласаат за ВМРО-ДПМНЕ, затоа што глас за било која друга партија е глас фрлен во корпа.

- За обвинувањата од власта дека ВМРО-ДПМНЕ е заложник на Левица, Николоски истакна дека тоа е договорената пропаганда помеѓу нив.

Сите тие дилеми ќе ги решат следните парламентарни избори. Македонскиот народ ќе направи правилен избор. Граѓаните се доволно свесни и знаат дека глас за помали политички партии е глас за останување на влијанието на ДУИ на македонската политичка сцена и на останување на владата на СДС и ДУИ. Тоа го видовме на изборите од 2020 година кога помалите партии собраа околу 50.000 гласа, а разликата помеѓу СДС и Беса и ВМРО-ДПМНЕ беше само 12.000 гласа што значи дека овие 50.000 да не беа фрлени во вода, немаше да зборуваме за обидот за бугаризација на Македонија, ниту за притисоци да се промени уставот, туку ќе зборувавме за странски инвестиции, за горд македонски народ и за просперитетна држава, изјави Николоски.

Николоски нагласи дека тоа се јасните разлики и народот ќе направи правилен избор.


Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Фото: ВМРО - ДПМНЕ

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Остани поврзан