• вторник, 05 ноември 2024

Николоски - Гир: Владата и ЕУ ќе продолжат да работат на реформските процеси, борбата против корупција, владеење на правото

Николоски - Гир: Владата и ЕУ ќе продолжат да работат на реформските процеси, борбата против корупција, владеење на правото

Скопје, 2 јули 2024 (МИА) - Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски оствари работна средба со амбасадорот на Европската Унија, Дејвид Гир. На денешната средба беше заклучено дека Владата во соработка со ЕУ ќе продолжи посветено да работи на реформските процеси, на борбата против корпуцијата и владееење на правото, информираат вечерва од Министерството за транспорт.

- На средбата, министерот Николоски ја презентираше програмската определба на Владата и Министерството за транспорт, со посебен акцент на развој на инфраструктурата. Тој ги потенцираше проектите за унапредување на целокупната инфраструктура, истакнувајќи ја заложбата на Владата за подобрување на регионалното поврзување преку изградба и модернизација на европските коридори. Исто така, министерот Николоски ја истакна огромната важност од зголемување на капацитетите и потребата од искористување на средствата преку ИПА фондовите, пишува во соопштението.

Николоски ја истакнал и важноста за континуираната поддршка што ја овозможува Европската Унија во евроинтегративниот процес како врвен приоритет и изразил благодарност за таквата соработка. бд/дма/

Фото: Министерство за транспорт

Остани поврзан