• понеделник, 23 декември 2024

Николов: Владата обезбеди пари за обесштетување на овоштари од Росоман за претрпени штети од мраз 

Николов: Владата обезбеди пари за обесштетување на овоштари од Росоман за претрпени штети од мраз 

Росоман, 19 декември 2023 (МИА) - Со одлука на Владата обезбедени се парични средства за надомест на штета од елементарна непогода - мраз, што ги зафати земјоделските површини во текот на 2022 година, информираше попладнево градоначалникот на Росоман Стојан Николов. 

- На сметките на земјоделците се исплатени парични средства во вкупен износ од 10.780.837,00 денари. Паричните средства ќе бидат на располагање во текот на утрешниот ден, соопшти градоначалникот Николов.

Тој нагласи дека се прават континуирани заложби за подобрување на животот на росоманци без разлика во кој дел од општината живеат. свд/мд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан