• понеделник, 23 декември 2024

Николовски прашува дали со Мицковски седеле Ален Зекиров и поранешен шеф на УБК

Николовски прашува дали со Мицковски седеле Ален Зекиров и поранешен шеф на УБК
Скопје, 5 јуни 2020
Наместо сите заедно да работиме за подобра иднина, ние имаме лидер на опозиција кому кафеаните и теретаните му се поважни од здравјето на граѓаните. Тој е лицето на ВМРО-ДПМНЕ, тој е главата на партија која не почитува закони, која луѓето ги дели на ваши и наши, која помага само ако имаш партиска книшка, која потплатува судии, се заканува на новинари, прави црни листи за отстрел, списоци, тепа невини луѓе и студенти, притвора неистомисленици. Ова го порача генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски, во денешното обраќање во живо преку социјалните мрежи. Николовски истакна дека во јавноста постојано стигнуваат нови информации за скандалозното прекршување на забраните од страна на Мицкоски и затоа тој мора да одговори на јавно поставени прашања. „Мицкоски јавно призна дека ги прекршил мерките наивно обидувајќи да се оправда дека не ги познавал протоколите, истите протоколи кои тој и неговата партија ги критикуваа. Дали на иста маса со Мицкоски седел и Ален Зеќиров, добро познат како поранешен член на обезедувањето на Сашо Мијалков и личност на која и се судеше за прегазување човек? Дали на истата маса седел и поранешен директор на Управата за безбедност и контраразузнавање? Што разговарале и од што се криеле среде Скопје?“, праша Николовски. Николовски оцени дека во време на оваа сериозна здравствено-економска криза Мицкоски свесно и намерно ги прекршува мерките и задолженијата и побара од министерот Наќе Чулев да не го следи својот лидер, туку да си ја врши работата. „Има мерки и треба да има и казни! Секој што не го почитува законот треба да плати за тоа. Работи си ја работата министре и обезбеди го редот! Инаку, ќе станеме остров на зараза. Гледате колку треба. Неколку дена мангуплук и непочитување на редот и ефектите се очигледни“, заклучи Николовски.
Сектор за односи со јавност на СДСМ
__________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Остани поврзан